Правила за користење и политика на приватност, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ден.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ



ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА https://bella.mk/

Почитувани корисници,
Добредојдовте на интернет страната на Bella!
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови и правила за користење на интернет страната како и политиката на приватност.
Секоја посета на нашата интернет страна, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и правила и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа услуга.
Општите услови за продажба се во согласност со законските прописи на Република Северна Македонија.


1. Општи одредби

Bella ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин на модифицирање на оваа интернет страна без изречна писмена согласност на Bella е строго забрането. Прекршување на општите услови и правила за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

 

Тимот на Bella Дооел со седиште на Бул.Србија бр.11, 1000 Скопје, ја администрира оваа страна од своите канцеларии во Скопје, Република Северна Македонија и го задржува правото за ангажирање на трети лица.


Фотографиите на производите се со илустративен карактер и не мора секогаш и во сите детали да соодветствуваат со вистинските производи. Поради можноста за индивидуално прилагодување на мониторите како и разликите во перцепција на боите гледани од човечкото око и сл. не можеме да гарантираме потполно согласување на боите на нашите производи со тоа како корисниците ги гледаат на својот монитор.
Bella може да ги ревидира овие услови и правила во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните Услови, затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие Услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа веб-локација.


2. Податоци и информации кои ги проследува корисникот (коментари, лични податоци и други содржини)

Посетителите на интернет страната https://bella.mk/ содржината треба да ја користат исклучиво за лични, а не за комерцијални потреби, исто така и информациите кои ги споделуваат.

 Личните податоци кои ги проследувате до интернет страната https://bella.mk/ со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со Законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

 Вашите лични податоци се строго доверливи и согласно нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки и пополнување на доставница при достава до адреса.

 Сите инфорамации во врска со трансакцијата:  купувач – онлајн продавницата на Bella, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република Северна Македонија.


3.  Врски (линкови) кон други веб-локации

Врските (линковите) на оваа локација, кон локации на самостојни произведувачи, се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб-локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.


КАКО ДА КУПИТЕ

Преку интерет страната https://bella.mk/ можат да се купат производи кои се прикажани во онлајн продавницата (главно мени ESHOP). 

За да Ви биде овозможено купување на интернет страната мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол од интернет страната да кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, каде што ви се отвараат полиња и треба да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на вашата е-пошта ќе пристигне линк кој е потребно да го отворите, со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето. Имате опција на истиот екран да одберете опција РЕГИСТРИРАЈ СЕ и да се регистрирате преку Facebook или Google, но притоа не мора да се внесуваат личните податоци.
Упатство за регистрација има веднаш до полето регистрирај се, каде Ви е појаснета и постапката за регистрација, но воедно и пример за регистрација на Bella Клуб, доколку одите дирекно на Белла Лојалност


Членство во Bella Клуб

Со самата регистрација на нашата интернет страна, добивате личен број  кој понатаму ќе го користите во сите Ваши купувања (онлајн или директно во продажните салони) и на тој начин станувате член во Bella Клубот. Во зависност од направената продажба остварувате право за одреден попуст, кој е поврзан со одредено нивото на клубот. Во врска со поволностите и условите за членство, подетално проверете на страната Белла Лојалност

Регистрацијата се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се најавите тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

Нарачката преку онлајн продавницата е предадена кога корисникот ќе добие автоматска електронска потврда. Тоа електронско известување не е потврда дека производот го има на залиха и дека неговата испорака е започната.
Во случај кога нарачаниот производ го нема на залиха или нарачката не може да се изврши поради други причини, корисникот ќе биде известен по пат на електронска пошта.
Потврдените нарачки Bella ќе ги смета за неотповикливи. Bella може да ја одбие порачката или да не го испорача производот доколку утврди дека има злоупотреба на интернет страната https://bella.mk/ При нарачка на производ  купувачот потврдува дека е запознаен и предупреден со општите услови за нарачка и купување.

Фактурата за купување е зачувана во системот на Bella, а купувачот до истата може да дојде во секое време, бидејќи добива потврда на мејл за успешно купување.


Цени

На македонската верзија од интернет страната сите цени се во денари, со вклучено ДДВ. При купување важат цените во моментот на нарачката. Цените важат до објава на нов ценовник во интернет продавницата на https://bella.mk/

Сите акции и попусти во онлајн продавницата, како и периодот до кога траат, се објавени на интернет страната https://bella.mk/
Наведените цени важат само за онлајн продавницата (Bella ESHOP) и не мора да бидат исти со цените на продажните места на Bella во Р.С.Македонија.
Кога намалувањето на цените се искажува во проценти, на сметката може да дојде до минимално отстапување од наведениот процент во онлајн продавницата како последица од заокружувањето на малопродажните цени по намалувањето.


Избор на производи

На почетната страница поставено е главно мени ESHOP, каде може да се избере разгледување на производите според категорија.  Со избор на категоријата се отвара паѓачко мени со фотографии од сите производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страница со достапни производи. Доколку сте го пронашле производот кој Ве интересира, со кликнување врз сликата ќе можете да го видите производот од повеќе агли, како и да добиете повеќе информации (конфекциски број, упатство за одржување, состав на материјалите, дизајнерска забелешка и табела на големини со упатство како да се измерите).

Кога сте кај производот кој сакате да го порачате со притискање на полето + на вашиот конфекциски број ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.


Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, покрај самиот производ или во горниот десен дел од интернет страната, ќе се отвори вашата кошничка на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

Нарачување на производи од кошничката.

 Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на полето ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОСТАВА И НАПЛАТА, да изберете R.N.Macedonia, начин на плаќање (ако сте избрале плаќање со кредитна во полето кое Ви се отвара ги внесувате податоците од платежната картичка и да кликнете ПЛАТИ), потоа ќе треба да ги пополните Вашите лични податоци за достава и на крајот да стиснете КУПИ. На Вашата е-пошта ќе пристигне меил со потврда за извршена порачка - фактура. Овој меил чувајте го поради информациите кои ги содржи, податоци за нарачка и код на истата, во случај да треба повторно да го отворите.


ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето може да се изврши со VISA, Mastercard или Maestro картичка или во готово.

Секоја направена трансакција подлежи на авторизација (период во кој парите на Вашата сметка се само резервирани, а не и повлечени од картичката), заради дополнителна потврда на достапноста на нарачаниот производ. Во работни денови авторизацијата се врши од 09:00 до 17:00 часот. Во тој период ќе добиете повратна информација дека купопродажбата е затворена.

Информациите за авторизацијата за купопродажбите по 17:00 часот во работни денови се доставуваат наредниот ден.

Информациите за авторизацијата за време на викенди и празници се доставуваат првиот работен ден.


ИСПОРАКА НА ПРАТКА

Испораката се врши само на територијата на Р.С. Македонија.

Рокот на испорака е 3-5 работни дена од моментот на потврда за успешна нарачка и процесирање во системот на Bella.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката, со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не Ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

Во случај на временска непогода или виша сила, Bella го задржува правото на продолжување на рокот за достава и е должна да објави информација на интернет страната во однос на промените.


ЦЕНА НА ДОСТАВА И ТРАНСПОРТНИ ТРОШОЦИ

Цената за достава на пратка платена онлајн со платежна картичка, изнесува 120 денари. Доставата е на товар на купувачот.

Цената за достава на пратка која се плаќа во готово, при достава на пратката на наведената адреса, изнесува 120 денари. При плаќање во готово се доплаќаат 30 денари за откуп на пратката. Доставата е на товар на купувачот.

Цените за достава се однесуваат за достава на пратки на територијата на Република Северна Македонија.
За секоја сметка над 6000 денари, Bella го превзема.трошокот за достава на пратка до адресата на купувачот на територијата на Р. С. Македонија. Во случај на враќање на пратката, Bella ќе ја задржи разликата во висина на транспортните трошоци од износот за рефундација.

Цена на достава надвор од границите на РСМ и транспортни трошоци се пресметуваат според калкулаторот во кошничката на купувачот и истите се на товар на купувачот.


ВРАЌАЊЕ НА ОШТЕТЕН ПРОИЗВОД ПРИ ДОСТАВА

Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да достави до трговецот Барање за замена/враќање на производ, доколку производот кој го има купено преку онлајн продавницата, во моментот кога му е доставен, има видливи физички недостатоци или оштетувања (искинати делови или нагмечување), односно фабрички грешки.

Купувачот е должен веднаш, односно во рок од 24 часа од моментот на достава да го контактира трговецот исклучиво преку електронска порака која треба да ја испрати на contact@bella.com.mk.

Во прилог на пораката треба да биде доставено Брањето за замена, односно враќање на производ купен од онлајн продавницата, каде детално треба да се објасни за каков недостаток станува збор.

Барање за замена/враќање на производ може да го подигнете од следниов линк  БАРАЊЕ ЗА ЗАМЕНА/ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД.

Во најкус можен рок, ќе бидете контактирани од нашиот тим одговорен за онлајн продажба и ќе бидете известени за понатамошната постапка.

Купувачот нема право на замена ако:

- Го пропуштил рокот од 24 часа за поднесување на Барање за замена/враќање на оштетен производ при достава;
- Недостатокот на купениот производ настанал по негова вина;
- Купил означен производ со недостаток по намалена цена;

Bella презема одговорност само за фабрички оштетувања на материјалот или недостатоци и дефекти настанати при процесот на производство или транспорт.


УСЛОВИ ЗА РЕКЛАМАЦИЈА

Согласно Закон за заштита на потрошувачите, купувачот има право на приговор/рекламација доколку приметил кај производот кусок или недостаток на сообразност.
Барање за рекламација може да се поднесе само со приложување на фискална сметка или потврда за успешна нарачка. (која пристигнува на вашата е-пошта по онлајн порачувањето)
Доколку производот е купен во некој од продажните салони на Bella, Барањето за рекламација може да се поднесе лично во истиот салон од каде што е купен производот со пополнување на документот Барање за рекламација, кое ќе му биде дадено на клиентот во самиот продажен салон или може да го превземе од следниов линк БАРАЊЕ ЗА РЕКЛАМАЦИЈА и да го донесе во продажниот салон на Bella. Производот за кој што сe поднесувa Барање за рекламација, треба да биде чист и уредно доставен со сите потребни информации.

Брањето за рекламација на производ купен онлајн од Bella ESHOP, треба да се достави по електронски пат, со пополнување на документот Барање за рекламација, кое може да се превземе од следниов линк БАРАЊЕ ЗА РЕКЛАМАЦИЈА.

Пополнетиот документ треба да го пратите на следната е-адреса contact@bella.com.mk.
Производотот за кој што сакате да поднесете Барање за рекламација, треба да биде соодветно спакуван во затворена кутија или кеса, да биде чист и истиот треба да биде доставен со брза пошта до БЕЛА ДООЕЛ на бул.Србија бр.11 Скопје, со назнака „рекламација“. Трошоците за враќање на прозвод кој сакате да го рекламирате, во целост се на трошок на купувачот.

Пратката може да биде примена на посочената адреса само во работен ден, во период од 08:00 до 16:00 часот.

За состојбата и изгледот на производот во моментот на купувањето и за евентуалните материјални недостатоци е одговорен самиот клиент.

Клиентот е должен да ја провери исправноста на производот при самото купување.

Купувачот нема право на рекламација ако:

- Го пропуштил рокот за поднесување на рекламација во согласност со Законот за заштита на потрошувачите;
- Недостатокот на купениот производ настанал по негова вина или по вина на трети лица;
- Го купил производот на распродажба;
- Купил означен производ со недостаток по намалена цена;

Bella презема одговорност само за фабрички оштетувања на материјалот или недостатоци и дефекти настанати при процесот на производство.
Bella не сноси одговорност за оштетувања на производите настанати како последица од незгода, невнимание, несоодветна нега, небрежност, како последица од секојдневна употреба, како и за природно избледување на боите и на самиот материјал последователно на времето, согласно изложеноста и опсегот на користење на производот.

Откако производот за кој доставувате Барање за рекламација ќе биде доставен на горепосочената адреса, во рок од 7 работни дена, ќе бидете известени дали се прифаќа Барањето, односно дали се исполнети горенаведените Услови за рекламација, односно условите наведени во Законот за заштита на потрошувачите.

Ќе бидат разгледувани само оние производи за кои е доставено Барање за рекламација, во спротивно производот ќе биде вратен на Вашата адреса на Ваш трошок.

Трговецот го задржува правото на одложување на договорениот датум за Одговор на поднесеното Барање за рекламација, во случај на технички проблеми или виша сила, за што треба да го извести клиентот телефонски или на наведената електронска пошта;

Приложените рекламирани производи, клиентот ги подига во истиот продажен салон каде што го поднел Барањето за рекламација или доколку Барањето е пратено по пошта, во договор со клиентот, Одговрот на Барањето за рекламација, заедно со производот, може да му бидат вратени по пошта на неговата адреса, на негов трошок или да му бидат оставени да ги подигне од некој од продажните салони на Bella.


УСЛОВИ НА ЗАМЕНА/ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Согласно Законот за заштита на потрошувачите член 50, клиентот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, освен во случај на купен производ изготвен по нарачка/односно производ со веќе извршена корекција од клиентот врз основа на писмен договор.

Клиентот правото за замена на производ може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен, односно од моментот кога е извршено онлајн купувањето.

Замена на производ со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот, односно потврда за успешна нарачка, кои на клиентот му биле издадени во моментот на купување на производот.

Замената на производ купен во некој од продажните салони на Bella, независно дали станува збор само за замена на величина од ист производ или замена за друг производ, се врши само во истиот продажен салон од кој е купен производот и тоа исклучиво со приложување на фискална сметка, во рок од 15 дена од купувањето на производот.

Замената или враќањето на парични средства може да се изврши само доколку се исполнети горенаведените Услови за замена/враќање на производ, кои се во согласност со Законот за заштита на потрошувачите.

Ако во моментот на поднесувањето на Барањето од клиентот, трговецот нема соодветен производ за замена, клиентот има право по свој избор да бара:

- Враќање на платениот паричен износ или
- Замена на производот со соодветен, кога ќе има таков производ, но не подоцна од предвидениот рок за замена од 15 дена.

Брањето за замена, односно враќање на производ купен онлајн од Bella онлајн продавницата, треба да се достави по електронски пат, со пополнување на документот Барање за замена/враќање на производ, кое може да го превземете од следниов линк БАРАЊЕ ЗА ЗАМЕНА/ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД.

Пополнетиот документ треба да го пратите на следната е-адреса contact@bella.com.mk.

Производот кој што сакате да го замените или вратите треба да биде соодветно спакуван во затворена кутија или кеса и истиот треба да биде доставен со брза пошта до БЕЛА ДООЕЛ на бул.Србија бр.11 Скопје, со назнака „ESHOP“. Трошоците за враќање на прозвод кој сакате да го замените или вратите, во целост се на трошок на купувачот.

Пратката може да биде примена на посочената адреса само во работен ден, во период од 08:00 до 16:00 часот. Датумот на испраќање на производот не смее да биде подолг од 15 дена од моментот на потврда за успешна нарачка.

Откако производот кој сакате да го замените, односно вратите, ќе биде доставен на горепосочената адреса, во рок од 2 до 5 работни дена, ќе бидете известени на електронската адреса од која го имате доставено Барањето за замена/враќање на производ, дали се прифаќа Барањето, односно дали се исполнети горенаведените Услови за замена/враќање на производ кои се во соглансост со Законот за заштита на потрошувачите.

Ќе бидат разгледувани само оние производи за кои е доставено Барање за замена/враќње на производ, во спротивно производот ќе биде вратен на Вашата адреса на Ваш трошок.
По испраќање на Одговорот на Барањето, во согласност со одлуката наведена во истиот, ќе биде реализирана бараната замена нa производот или ќе биде извршено враќањето на паричните средства на Вашата сметка.


УСЛОВИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПАРИЧНИ СРЕДСТВА

Доколку се исполнети Условите за замена/враќање на производ, враќањето на паричните средства ќе се изврши согласно долунаведените услови.

При купување во продажен салон на Bella:

- Враќањето на парични средства се врши само во готово;
- Враќањето на парични средства се врши во целост;
- Враќањето на средствата се врши во истиот момент, доколку во касата има доволно средства, односно доколку веќе има реализирано наплати во готово и во касата го има потребниот паричен износ кој треба да му се врати на клиентот;
- Доколку во моментот на барањето за враќање на средства, во касата нема доволно средства, враќањето се врши подоцна во текот на денот или следниот ден, кога во касата ќе има доволно парични средства;

При купување од Bella онлајн продавницата:

- Враќањето на средства се врши на истата трансакциска сметка од која е извршено плаќањето, односно само на Visa, Mastercard или Maestro платежни картички;
- Враќањето на средства ќе се изврши во рок од 7 работни дена од денот на одобрување на Барањето за замена/враќање на производ;
- При поврат на средства на сметка на корисникот на картичката ќе биде задржан износот на банкарска провизија во висина од 2%. За сторно трансакциите на сметките на купувачите од Халк банка поврат ќе биде извршен истиот ден кога ќе биде одобрен од нашиот тим за онлајн продажба, а за сите останати корисници со сметки во други деловни банки, повратот на средствата ќе биде извршен следниот работен ден;
- За делумен поврат на средства, односно за враќање на дел од производите од една нарачка, враќањето на средства се врши во рок од 7 работни дена, по испратен налог од наша страна до Банката за поврат на средства.


ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на компанијата Bella се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во Bella, како и компанијата за достава се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.

Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на менаџерите од ИТ Секторот, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Менаџерите од ИТ секторот за техничка подршка во Bella се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк банка која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.

Bella.mk  користи тнр. „cookies“ за да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. 
Bella.mk не е наменет за лица под 18 години. Bella нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат Bella.

Ви благодариме што ја користите нашата платформа и Ви честитаме на одлуката да бидете клиент на Bella.

Close Quick View
Величини (cm)
Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.