Се ближи зимата, бидете подготвени!
Bella ви нуди парче облека кое изгледа фантастично и истовремено ќе ве стопли во ладните денови кои доаѓаат.
Фасцинантни за овој период, посебни и уникатни кардиганите Каја и Каја сив!
Есен - време е да ги извадите сите палта и јаки кои ги поседувате, но ако сте во потрага по нов стил или пак сакате да имате од се по нешто, погледнете ја оваа листа. Иако понекогаш изгледаат сите исто, должината, кројот, затворањето и материјалот може да направат огромна разлика во тоа како ви стои на вашето тело.
Освен белата и црната боја, уште една работа која никогаш не излегува од мода се карираните парчиња облека.
Ништо подобро не ја опишува студената сезона од кариран патерн.
Ако досега не сте поседувале вакви парчиња тогаш време е да ги погледнете неодоливите јакна и панталони Луна каро.
Ако сакате да додате една боја во вашиот гардеробер оваа есен, тогаш таа боја нека биде лимон жолтата. Поради нејзиниот енергичен изглед и среќните чувства кои ги шири, оваа боја можеше да се забележи на многу модни ревии од познати дизајнери како Версаче, Филип Лим и Ботега Венета.
Лимон жолтата боја има одлична дотерувачка моќ, а тоа може да ви го потврдат Марк Џејкобс, Миу Миу, Фенди, Коперни и многу други.
Изминативе неколку дена вистински ја чувствуваме есента, но оние студени денови, од утро до вечер, се уште не затропале на врата.
Спремни сме да ги смениме парчињата во гардероберот, од летни во есенски и зимски, но дали се што ни треба е таму некаде, се уште скриено, но спремно за на закачалка.
Ни требаат долги панталони, фармерки, блузи со долги ракави, кошули со долги ракави, јакни и секако волнени палта.
Ако сте моден фанатик, тогаш за вас менувањето на сезоната не е никако поврзанo со менувањето на времето. Сезоната се менува кога ќе се сменат трендовите.
Оваа година, есента ќе биде поразлична од претходната. Иако се соочуваме со глoбална ситуација, модата секогаш си наоѓа свое дупче да излезе на виделина. Па така ќе биде и оваа сезона.
Бидете подготвени за есенските тренди парчиња!
Започна сезоната на кошули со долги ракави, а со тоа и потрагата по вашата нова омилена.
Денешната мода се заснова на практичност и удобност, па затоа секоја дама бира парче облека кое ќе може да го вклопи во повеќе комбинации, за различни пригоди, притоа секогаш да се чувствува комотно.
Есента само што не пристигнала, па сигурно со нетрпение сакате да дознаете што ќе биде ин кога станува збор за нокти.
Оваа година е малце поразлична, бидејќи што и да правевте со ноктите до сега немавте можност каде да ги покажете. Па затоа не треба да се двоумите ако сакате да повторите некој тренд. Сепак 2020 е година кога сезоните се измешаа, а со тоа и сите трендови. Најдобро е да се насочите на нокти кои одговараат за сите сезони и да започнете со нивно бојадисување без многу размислување.
Овие неколку месеци бевме сведоци на голема промена во модниот свет, а деловната мода не беше исклучок.
Работењето од дома, ретката посета на канцелариите и намалениот број на луѓе во една просторија, нè натераа да ја прифатиме кежуал модата како мода за секој ден, на секое место и во секое време.
Но како да се облечете за да изгледате доволно деловно, а сепак опуштено?
Разните настани, свечености, излегувања секогаш ни нудат причина за да се дотераме, оваа година очекувано облеката за надвор се промени.
Од април до јуни, најпребаруваните парчиња на интернет се сандалите Аризона на Биркенстокс. Тие нудат комоција, потпора за стапалата и секако различни дезени за различни вкусови.
Поминаа скоро 100 години од како почнавме да ги гледаме првите модни шоуа, а само 15 откако тие можат да се пренесат во дигиталниот свет и оттаму секогаш да ни бидат достапни. Во текот на сите овие години многу работи постојано се менуваат. Од модните трендови, стилот на дизајнерите, па се до кој седи во првите редови на модните ревии.
Иако повеќе модните дизјнери не создаваат парчиња специфични за престојната сезона, сепак тие креираат линии кои ја одбележуваат сезоната.
Новата колекција Есен 20' се базира токму на класичниот, софистициран деловен изглед, а како дел оваа колекција и голем претставник на деловната мода ви ја претставуваме линијата Калина.
За да го освежите
вашиот изглед и да ги избришете темните флеки настанати од сонцето за време на
изминатите летни денови потребно е да внесете Витамин Ц во вашата дневна
рутина.
Многу дерматолози
препорачуваат континуирно ставање на Витамин Ц на вашата кожа за намалување на
пигментацијата, затегнување на кожата и подобрување на нејзината еластичност.
Еве неколку совети како да почнете со користење на овој Витамин: